Fiat станува целосно електричен во Европа во 2027 година

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Финансискиот извештај на Stellantis наведува дека марката Fiat ќе стане целосно електрична во Европа од 2027 година.

Како дел од таа стратегија, понудата на италијанската марка ќе биде збогатена со уште еден, засега непознат електричен модел во 2022 или 2023 година. Финансискиот извештај не нуди други детали за идните планови на Stellantis за марката Fiat.

Компанијата наведува дека 500e во 2021 година бил најпродаваниот ЕВ во А-сегментот, кои се претежно мали градски автомобили, во 12 земји низ светот. Глобалната продажба на мали ЕВ изнесуваше околу 44.000 единици.

Минатата година, шефицата на Fiat, Оливија Франсоа, зборуваше за плановите за иднината на брендот.

„Ја истражуваме територијата на одржлива мобилност за сите: ова е нашиот најголем проект. Помеѓу 2025 и 2030 година, нашата производна линија постепено ќе стане само електрична. Ова ќе биде радикална промена за Fiat“, рече Франсоа.

За да се случи зголемена електрификација, Stellantis ќе инвестира над 35 милијарди долари до 2025 година во електрификација. Дел од парите ќе ја трансформираат фабриката „Мирафиори“ во Торино, Италија, во производствен центар за електрични возила.

Производителот на автомобили, исто така, инвестира пари на локација во Термоли за производство на литиум-јонски батерии.

Слични содржини