Фиби од „Пријатели“ објави ретка фотографија од нејзиниот син

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Познатата американска актерка Лиза Кудроу, која се прослави со улогата на неповторливата Фиби во култниот ситком „Пријатели“, минатата недела на социјалните мрежи го одбележа 23-от роденден на нејзиниот син.

57-годишната актерка сподели со своите следбеници на Инстаграм слики од разговорите со нејзиниот син преку апликацијата FaceTime, по повод неговиот 23-ти роденден.

Познатата актерка го доби синот Џулијан со нејзиниот сопруг Мајкл Стерн, со кого заплови во брачните води во мај 1995 година.

„Ништо на овој свет не може да ве подготви за улогата на мајка“, своевремено изјави актерката која го чекаше својот син Џулијан за време на снимањето на четвртата сезона на серијата „Пријатели“, и благодарение на нејзиниот труднички стомак, писателите на ситкомот вешто се прилагодија на тоа.

Слични содржини