Фиби, Рејчел и Моника повторно го разгореа Инстаграм (ФОТО)

од Elena Daskalova
370 прегледи

Откако го отвори профилот на Инстаграм, Џенифер Анистон им одржа лекција по влијателност на сите свои популарни колеги и колешки.

Сите се сеќаваме на нејзината прва објава со екипата од култната серија „Пријатели“, која ги собори сите рекорди за најлакнувана слика на оваа социјална мрежа.

Овојпат Џен повторно објави фотографија, но само со „пријателките“, односно со Кортни Кокс и Лиза Кудроу, а објавата за околу 12 часа собра над 7,6 милиони лајкови и неколку десетици илјади коментари.

View this post on Instagram

Hi from the girls across the hall 👋🏼

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Слични содржини