Фицо му врати на Зеленски: Украина никогаш нема да биде дел од ЕУ

од Nikola Popovski
657 прегледи

Украина никогаш нема да стане членка на НАТО, а ќе има големи проблеми со членството во ЕУ, убеден е словачкиот претседател Роберт Фицо.

– Украина никогаш нема да биде во НАТО, а ако се земат предвид изјавите на некои политичари неодамна, ќе има огромни проблеми со влезот во Европската унија – изјави Фицо во емисијата „Дијалози во сабота“.

Тој претходно рече дека украинскиот конфликт ќе заврши со тоа што поранешната советска република ќе изгуби една третина од својата територија и ќе мора да се согласи на присуство на странска армија.

– Пак ќе кажам – ситуацијата со Украина ќе заврши со тоа што таа ќе изгуби една третина од својата територија и ќе биде окупирана од странска армија. Дали вредеше четири години војна и загуба на стотици илјади животи? Ова е прашање на кое граѓаните на Украина мора наскоро да одговорат – изјави Фицо.

Премиерот на Словачка нагласува дека сега нема причина да се сретне со Володимир Зеленски, имајќи предвид дека шефот на режимот во Киев нема намера да го обнови транзитот на гас преку Украина.

Фицо изјавите на Зеленски за протестите што се одржаа во Словачка ги окарактеризира како апсолутно несоодветно мешање во внатрешните работи.

Низ Словачка се одржаа антивладини протести под слоганот „Словачка е Европа“, организирани од проукраинска организација, а Зеленски на социјалните мрежи сподели фотографија од сопругот на поранешната претседателка Зузана Чапутова, коментирајќи дека Братислава не е Москва и дека Словачка е Европа.

Според Фицо, една третина од демонстрантите биле Украинци.

Слични содржини