215
Словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека Братислава нема да се спротивстави на преговорите за пристапување на Украина во ЕУ на претстојниот самит на лидерите на ЕУ.
„Ние нема да се спротивставиме на одлуката на Европската унија да започне преговори со Украина. Тоа е политичка одлука што нема никаква врска со реалноста“, им рече Фицо за членовите на Комитетот за европски работи на словачкиот Парламент.
Тој исто така истакна дека Украина не е подготвена за процесот на пристапување, пренесува Укринформ.