Фицо со јасен став: Невозможно е да се победи Русија на бојното поле

„Во обична војна, каква што сега се води во Украина, никогаш нема да успеете да победите нуклеарна држава. Никогаш. Точка“ подвлече тој.

од Бети Божиноска

Словачкиот Роберт Фицо изјави денеска дека жали што на самитот на Европската унија, планиран за 21 и 22 март, никој нема да зборува за мир во Украина, туку сите ќе зборуваат само за војна.

„Утре имаме преговори во Брисел, а за Украина, секако, ќе разговараме неколку часа. Таму никогаш нема да се спомене зборот „мир“, туку само „војна“, „оружје“, „чаури“. Каде ќе бидеме по три години? Каде што сме сега“ им порача Фицо на пратениците во словачкиот Парламент во пресрет на самитот.

„Нашето прашање е едноставно: зарем не е подобро да се преговара 10 години, дури и со ризик дека во одреден момент преговорите ќе бидат прекинати, а непријателствата да продолжат, отколку да се дозволи луѓето да продолжат да се убиваат? Од мене барате мировен план: итен прекин на огнот, почеток на преговори и договор за нешто што ќе одговара на сите. Што ѝ е потребно на Украина денес? Дали ѝ се потребни безбедносни гаранции? Што велат Русите? Дали им се потребни безбедносни гаранции? Дали верувате дека Русија ќе ги напушти Донбас и Луганск? Тоа е наивно. Невозможно е. Извинете, но тоа е политичката реалност. Дали мислите дека Русија ќе го напушти Крим? Тоа е едноставно невозможно,“ додаде Фицо.

Според него, не е можно да се победи Русија на бојното поле.

„Во обична војна, каква што сега се води во Украина, никогаш нема да успеете да победите нуклеарна држава. Никогаш. Точка“ подвлече тој.

Тој рече и дека никогаш нема да се согласи со членството на Украина во НАТО.

„Никогаш. Неопходно е Украина да биде неутрална, како тампон зона меѓу земјите на НАТО и Русија. Тогаш ќе биде безбедно,“ истакна Фицо.

Слични содржини