Фидановски: Владејачката партија да се стреми кон широк општествен консензус за демографските политики

Повисоки детски додатоци, подолго, подоброплатено и родово еднакво породилно отсуство го зголемуваат наталитетот, вели Фидановски за „Локално“

од Бисера Трајковска
19 прегледи Фото: Фејсбук

Демографските политики треба да бидат водечки приоритет за сите политички чинители без оглед на идеолошката ориентација, вели доктор по социјални политики и демографија од Оксфорд, Кристијан Фидановски.

Тој за „Локално“ појаснува дека владејачката партија би требало да се стреми кон широк општествен консензус за демографски политики, а не да ги врамува истите во национал-конзервативен дискурс, потенцира Фидановски.

одобри семејни политики, како повисоки детски додатоци, подолго, подоброплатено и родово еднакво породилно отсуство, но и подостапни градинки го зголемуваат наталитетот, но нивниот ефект е доста мал и скап, вели Фидановски.

Сепак, потенцира, ваквите политики се секогаш добра идеја, бидејќи тие истовремено ја намалуваат детската сиромаштија и подобруваат родовата еднаквост.

Б.Т.