Фидес го напушта европското десноцентристичко семејство

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Унгарската владејачка партија Фидес испрати писмо во кое се наведува дека го напушта европското десноцентристичко семејство, ставајќи крај на повеќегодишниот конфликт во групата поради обвинувањата за демократски вредности и владеење на правото во Унгарија.

Во писмото, кое на Твитер го објави потпретседателката на унгарската владејачка партија Фидес, Каталин Новак, се наведува дека Фидес повеќе не сака да биде член на Европската народна партија и дека ќе го напушти тоа конзервативно политичко семејство.

„Време е да кажеме збогум“, напиша Новак, пренесе АП.

Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск, веднаш одговори:

„Фидес ја напушти христијанската демократија. Всушност, замина пред многу години“.

Слични содржини