ФИФА го претстави официјалниот постер за Катар 2022

од Vladimir Zorba

ФИФА го откри официјалниот постер за Светското фудбалско првенство во Катар на крајот на годината.

Настанот се случи на меѓународниот аеродром Хамад. Автор на делото е локалната уметница Бутеина Ал Муфтах.

Главниот постер прикажува типична локална покривка како лета во воздухот, симболизирајќи празник и израз на радост.

Има и седум дополнителни постери кои ја прикажуваат страста на арапскиот свет за фудбалот и играта, која ги обединува сите во едно семејство.

Слични содржини