ФИФА ја повлекува легендарната десетка, Наполи изгуби дел од својата душа (ФОТО)

Смртта на легендарниот фудбалер, Армандо Диего Марадона вчера го шокоираше светот.

Покрај сите последни поздрави и пораки за неверување за загубата, на социјалните мрежи се огласи и фудбалерот на Наполи, Дрис Мертенс.

„Беше мојата прва мисла кога потпишав за Наполи. Тоа што го носиме овој син дрес сега ќе има уште поголемо значење. Наполи денеска изгуби дел од душата. Ако моето име било когаш е блиску до твоето, ти се извинувам. Никогаш нема да бидам на твоето ниво.“ – напиша Мертенс на својот инстаграм профил.

Исто така, простувајќи се од еден од најголемите во фудбалската историја, тренерот на Олимпик Марсеј, Андре-Вилас Боаш, упатил интересен предлог до Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Би сакал ФИФА да го повлече бројот 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би бил најдобриот начин да му се поклониме. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет“, рекол Вилас Боаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dries Mertens (@driesmertens)

 

Слични содржини