ФИФА пред исфрлање на репрезентација од Мундијалот, одлуката паѓа во петок

од Vladimir Zorba

ФИФА е на прагот да ја исфрли репрезентацијата на Еквадор од Светското првенство во Катар, бидејќи на квалификацискиот натпревар против Чиле настапи играч кој нема еквадорско државјанство.

Станува збор за Бајрон Кастиљо кој е од Колумбија. Веста ја пренесоа некои јужноамерикански медиуми, а адвокатот Едуардо Карлезо изјави дека е сигурен дека одлуката ќе биде од корист за чилеанската федерација.

Имено, Чилеанците тврдат, а сега наводно имаат и докази, дека Кастиљо за Еквадор во квалификациите за СП играл со лажен пасош.

Карлезо тврди дека споменатиот фудбалер со помош на еквадорските граѓански власти и тамошниот фудбалски сојуз ги фалсификувал сите документи и дека тој воопшто не е Еквадорец.

„Родителите на Бајрон се родени во Тумак, Колумбија, Бајрон е роден во Тумак и таму е крстен. Нема докази дека тој има некаква врска со Еквадор и доказите се многу јасни“, рече Карлезо, кој ја претставува Чилеанската фудбалска асоцијација. .

„Депортес“ пишува дека ФИФА веќе практично донела одлука и дека Еквадор ќе биде исфрлен од Светското првенство утре (петок), односно дека натпреварите на кои играл спорниот играч ќе бидат регистрирани со резултат 3:0 за противниците.

За потсетување, во јужноамериканските квалификации, Еквадор заврши на четвртото место, Перу на петтото, Колумбија на шестото и Чиле на седмото место. Доколку натпреварите во кои играше Кастиљо се регистрирани со 0:3 за противниците, Чиле ќе оди на Светското првенство.

Имено, Кастиљо не настапи на ниту еден натпревар против Перу и Колумбија, но играше на двата натпревари против Чиле, со што во тој случај би добиле нови шест бода, две победи од 3-0 и би скокнале на четвртото место. Перу ќе продолжи да игра дополнителни квалификации (13 јуни против Австралија), а Еквадор ќе заврши на последното место.

Слични содржини