Фигаро: Путин се обидува да и го врати на Русија статусот на голема сила

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Коментарот на руското Министерство за надворешни работи во врска со постигнатиот договор за иранското нуклеарно досие на 2 април потсетува дека Москва, како и пред тоа ја игра клучна улога во овој регион на светот.

путин авион

Неговата изјава во поддршка на укинувањето на санкциите уште пред потпишувањето на конечната верзија на договорот се синхронизира со стремежот кон брзото  укинувањето на едни и на други казнени мерки – овој пат против самата Русија поради нејзината интервенција во Украина. Конечно така звучи тезата според која политиката и дипломатијата може да се справат  дури и со најсериозните кризи. Тоа значи дека целите и методите на Москва речиси не се менуваат.

Во последните недели поврзувањето  на пост-советскиот простор продолжува . На 19 март Руската Федерација потпиша договор со Јужна Осетија, кој силно потсетува на анексија. На 20 март Казахстан и Белорусија и предложија на Русија да формираат регионален монетарна унија. Курсот на претседателот Владимир Путин во однос Југоисточна Украина остана истиот. Поддржани од Москва бунтовници продолжуваат со бомбардирањето, и покрај примирјето, и обвинуваат Киев, дека сака да ја ограничи нивната автономија, која иако во доста нејасна форма, им била призната според договорот од  Минск  од 12 февруари.

Во моментов никој нема решение за хуманитарната, економска и финансиска криза, која во моментов ја  зафати цела Украина, а не само сепаратистичките региони. Неодамна ММФ одобри 40 милијарди долари за стабилизирање на финансискиот систем на земјата, чија Крутост станува очигледна со секој изминат ден. Правата на Киевска власти денеска се оспоруваат не само од донбаските сепаратисти: во Украина има доволно олигарси кои слично на Днепропетровскиот  милијардер Игор Коломојски си најмуваат приватни армии за заштита на своите интереси.

Како и да е, овие поволности  за путиновите  промени не се сè. Рускиот претседател треба да го реши сериозно проблемот во рамките на проектот за создавање на “Евроазискиот ” простор за конкуренција со Европската унија. Западните  руски соседи Полска и Литванија  не застануваат  одржуваат  нови воени вежби, абидејќи самата Русија се претворила во вистинско страшило за целиот регион.

Животот на Русите станува потежок поради западните санкции, поевтинувањето на рубљата и цените на бензинот. Да, слабоста на зависната од  премногу од суровини руска економија не е тајна за никого. Но Путин не презеде никакви чекори за нејзината диверзификација. Продуктивноста на трудот си остана ниска, а бирократски интервенција  ги прави работите само полоши. Денес Русија доживува рецесија, а сите тврдење на претседателот дека земјата неизбежно ќе се соочи со тешкотиите за моментов изгледаат како зборови во ветрот. Кон реалистичните програми можеме да  ја вклучиме модернизацијата на инфраструктурата / пример на Транссибирскиот автопат / и зголемувањето на пензиите за одржување на куповната моќ.

Демографијата само ја заострува кризата. Путин може да си зборува колку си сака за моралното повторното вооружување на растечката улога на црквата и финансиската поддршка , за семејствата кои имаат две или повеќе деца, но проблемот се уште не е решен. Иако по 2009 година намалувањето на населението се забави, растат се повеќе мали по големина генерации од 90-тите години на XX век , кои повторно ќе го повлече надолу  и наталитетот. И тоа веќе е сериозен проблем за Путин.

Значи пред рускиот лидер, кој сонува да ја  врати на земјата претходната воена моќ на СССР и претходниот сјај на Руската империја, стојат многу важни задачи. Како што тој смета, не е доволно Русија само да ги зајакне своите западни упориште: истото важи и за Јужен Кавказ, Грузија, Ерменија и Азербејџан кои е должни да се усогласат со Русија . Не треба да се заборави и на Блискиот Исток, каде што Русија спроведува активна политика со Сирија и Иран: злосторствата на режимот на Башар Асад се одразија врз неа, но таа сепак наоѓа оправдување во борбата со калифатот и традиционалните врски со Иран. Токму во овој регион Путин ужива најголема почит. Раскошниот  прием, кој му  го беше покажал маршал Ас-Сиси за време на неговата посета на Каиро, беше нагледна потврда за тоа.

Тука, како и насекаде, Путин треба да се зема сериозно. Во исто време Путин сам  си прави штета на својот имиџ на лидер на голема држава со провокациите во воздушниот простор во целиот свет, од Норвешка до Колумбија, и заканите да ги насочи проектилите против данските бродови. Слични изјава побрзо одговараат на хистеријата на севернокорејските лидери за “море од оган” и  се тоа само ги поткопуваат и довербата кон Путин, и престижот на Русија.  Ако се доде и како  бесрамно лаже за отсуството на каква и да било поддршка за сепаратистите во Украина, мозаикот се комплетира

Сето ова не е спротивна на неговите планови за враќање на статусот на велика држава на Русија со помош на доминантно положба во најблиското опкружување, централно место во Евроазиската  унија и неприкосновената  геополитичка улога во овие зони, каде што Русија е традиционална сила.

—-

Пјер Ригуло “Фигаро”.