Уште пред три и пол години кога се донесе решението за рушење на станбениот комплекс „Космос“, а на кое решение стоеше дека објектот треба да се сруши за три дена, јасно беше дека станува збор за политичка одлука. Тоа беше првиот сигнал.
Второ, уште тогаш, имав средба со градоначалникот Тони Трајковски и тој ми призна дека наредбата за рушење е дојдена од „горе“. Не прецизираше што тоа од „горе“ значи. Но, исто така Трајковски на таа средба ми рече да ги тргнеме телефоните и да разговараме без телефони, оти самиот кажа дека се прислушуваат.
Тужбата што ја поднесов пред судот во Стразбур,очекувам дека ќе ја добијам
повеќе тука
