297
Групата Genesis на чело со Фил Колинс се враќаат на турнеја, а ќе им се придружи и еден нов член кој ќе го заменува Колинс на тапаните.
Колинс, кој има 69 години, овојпат нема да може да свири на тапани поради операција на грбот која ја имаше од порано, а замена ќе му биде неговиот 18-годишен син Николас, како и долгогодишниот соработник Дерил Стајмер.
Но и покрај тоа, Колинс вели дека ќе се потруди да отсвири по нешто на секој настап, иако е сосема горд што негова замена е токму син му.
Бендот „Genesis“ неколку часа пред гостувањето во програмата на „Би-Би-Си“, на својот профил на Инстаграм го најавија враќањето.