262
Пет лица се повредени, од кои тројца во критична состојба, по пукањето што се случи синоќа во северниот дел на Филаделфија, соопшти американската полиција.
Полицијата соопшти дека уапсеното лице е поврзано со пукањето и дека е пронајдено оружјето од кое е пукано, но се уште не се знае мотивот за насилството.
Насилството се случило околу 19.30 часот по локално време (01.30 по средноевропско време), на еден километар од Универзитетот Темпл, објави „Филаделфија Инквајер“.