Филаделфија воведува полициски час за деца и тинејџери на возраст од 16 до 17 години

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Поради зголеменото насилство на улиците на Филаделфија, децата и тинејџерите на возраст од 16 до 17 години ќе бидат во летен полициски час од четврток, 14 јули, објавија локалните власти.

Имено, тие ќе можат да бидат на улица до 22 часот, што е два часа пред претходниот период кога беше воведен полицискиот час. За децата на возраст од 14-15 години полицискиот час веќе трае од 22 часот, додека оние помлади од 13 години мора да бидат дома од 21.30 часот. Полицискиот час истекува во 6 часот наутро.

Новиот полициски час, со кој беше подигната возрасната категорија на важност, беше предложен од советничката Кетрин Глимор Ричардсон како директен одговор на насилството во самиот град. Имено, со следење на насилствата на улиците на Филаделфија, утврдено е дека годинава биле убиени 22 малолетници, а 106 од нив биле ранети во огнени престрелки.

– Гледаме дека нашите млади се вклучени во се повеќе криминални инциденти и криминални активности, само затоа што излегуваат до доцна, додаде оваа градска советничка.

Полицискиот час за малолетници нема да важи за оние кои имаат оправдана причина да бидат на улица во тоа време, како што се работата или обврските што нивните старатели ги наложиле да ги извршуваат.

Прекршителите ќе бидат пресретнати од полицијата која ќе ги однесе дома, а доколку тоа не е можно ќе ги однесе во полициска станица или во локален центар каде ќе се обидат да ги спојат со семејството.

Некои жители на Филаделфија го одобруваат тоа бидејќи според нив малолетниците немаат што да бараат на улица навечер.

Сепак, статистиката покажува дека полицискиот час не е толку ефикасен за намалување на стапката на криминал. Како што е најавено, полицискиот час ќе важи до 29 септември.

Слични содржини