„Филип Морис“ со 7,9 милијарди долари приходи во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Најголемите меѓународни корпорации кои останаа во Русија по инвазијата на Украина, вклучувајќи ги „Филип Морис“, „Данон“ и „Пепси“, минатата година остварија приход од стотици милијарди во таа земја. По почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, десетици компании ја напуштија Русија.

Извештајот на чадор-групата на граѓанското општество B4Ukraine и Киевската школа за економија откри дека минатата година светските корпорации оствариле приход од 214 милијарди долари преку нивните руски компании, како и дека платиле 3,5 милијарди долари данок на добивка, пренесе „Политико“.

Најголем дел од приходот оствариле компании со седиште во САД, но и компании од ЕУ лани во Русија заработиле околу 75,2 милијарди долари, кои платиле близу 600 милиони долари данок, се наведува во извештајот. Според авторите, податоците откриваат дека престојот во Русија бил исклучително профитабилен за неколку компании.

Во извештајот се наведува дека тутунската компанија „Филип Морис“ минатата година остварила најголем приход, околу 7,9 милијарди долари и дека платила данок на доход во износ од 206 милиони долари. Нешто помалку, 7,4 милијарди долари, оствари компанијата Japan Tobacco International.

Прехранбената компанија „Данон“ наводно остварила приход од околу три милијарди долари, според извештајот. Сепак, компанијата ги демантираше овие информации, наведувајќи дека нејзината нето-продажба во Русија за 2022 година била 1,39 милијарди евра.

Слични содржини