Филипче: До утре ќе бидат вакцинирани сите пријавени над 65 години

од Andreja Salpe
425 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека сите пријавени над 65 години до утре ќе бидат вакцинирани. Тој напомена дека можно е да има некои технички пропусти.

– До крајот на оваа недела, односно утре ќе бидат вакцинирани речиси сите граѓани над 65 години. Тоа опфаќа над 47% од граѓаните над 70 години, односно скоро 40% од граѓаните над 65 години. Ние ги спремаме кампањите, очекуваме да пристгната уште вакцини, мислам дека и понатаму граѓаните ќе покажуваат интерес, како што и сега покажуваат за пријавување, истакнаа Филипче.

Слични содржини