Филипче до Владиката Петар: Вие треба да бидете пример

од Andreja Salpe

Неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници, истакна Филипче

„Почитуван владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните, како и да не дозволите да ни се повторат грешките од минатото.

Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки за заштита и ги прилагодуваат обичаите, вие го правите спротивното.

Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат. Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот.

Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните. Како што многу пати повторувам во последната година, битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира.

Апелирам граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита”, напиша Филипче на својот фејсбук профил 

Слични содржини