Филипче-Гир: ЕУ е нашиот значаен партнер

од Nikola Popovski
227 прегледи

„Со евроамбасадорот Дејвид Гир разговаравме за актуелната состојба со КОВИД-19, како и за проектите кои во моментов ги реализираме со поддршка на Европската Унија“, објави попладнево министерот за здравство, Венко Филипче по средбата со евроамбасадорот.

Според него, на средбата е дискутирано за проектот за набавка на апарати за магнетна резонанца и компјутерски томографи за здравствените установи низ земјава.

„На средбата разменивме мислења и за текот на активностите во врска со ИПА 3 проектите за канцер, перинатална грижа и E-Health, кои треба да се реализираат. Се заблагодарив за целокупната помош во изминатиот период во справувањето со КОВИД-19. ЕУ е нашиот значаен партнер“, истакнува Филипче.

Слични содржини