295
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека освен хартиената форма на вакциналниот сертификат, со скенирање ПР кодот тој ќе може електронски да се прикаже.
– Од хартиената форма од вакциналниот сертификат или од потврдата за направеното ПЦР тестирање кое што следната недела ќе го издаваат сите акредитирани наши лабааратории за издавање на ПЦР тестови, освен хартиената форма, доколку се скенира ПР кодот тој електронски ќе биде достапен во апликацијата. Значи, нашите граѓани ќе бидат спремни да покажат и хартиен документ и ПР код преку апликација, истакна Филипче.