Филипче ќе навива со син му: „Ги освоивте срцата на Европа, нема што да загубите“

од Nikola Popovski
443 прегледи

Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче им посака успех на нашите фудбалери во дуелот против Португалија и објави дека ќе навива заедно со неговиот син Иво.

-Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.

Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Слични содржини