Филипче: Ќе се вакцинирам следната недела со кинеската вакцина „Синофарм“

од Andreja Salpe
290 прегледи

Во денешнето гостување на телевизијата Канал 5, министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се вакцинира, изјави дека тоа може да се случи во текот на неделава со вакцинатата што веќе пристигна во голем број, кинеската „Синофарм“.

Филипче рече дека до крајот на месецот мај ќе стигнат уште вакцини од производителот „Фајзер“, како и 500 000 дози што ќе стигнат во мај од вакцините на „Синовак“.

По празниците ќе продолжи редовна вакцинација прво на повозрасните граѓани кои се пријавиле за вакцинација и во просек на сите вакцинални пунктови дневно ќе се вакцинираат по 10 до 15 илјади граѓани дневно.

Слични содржини