Вчера министерот за здравство Венко Фолипче најави дека можни се дополнителни попуштања на рестрикциите следната недела, ако продолжи стивнувањето на пандемијата.
Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа.
– Има препорака за 14 -невен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични карактеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи вчера Филипче.
Тој, меѓудругото, информира дека дел од болничките одделенија во враќаат во нормална работа, како што е одделението за урологија, за пластична хирургија, како и Клиниката за кардиологија.
Во однос на вакцинацијата, министерот смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк” за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.
Во текот на завчерашниот ден, како што кажа Филипче, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање.