Освен лагите со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, денес гледаме директен притисок врз граѓаните, особено врз синдикати, работници и семејства кои сакаат да се организираат и јавно да изразат незадоволство, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори.
Како што посочи, наместо директна поддршка за граѓаните, власта врши притисок врз нив да не зборуваат за реалните проблеми.
-Ги притискаат и нема да излезат во јавност. Со сите збориме со синдикати и работници сите да се плашат. Им се закануваат на телефон, дома им праќаат полиција. Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот. Да нема протести, да нема никаква организација, истакнал Филипче.
Според Филипче, власта на ВМРО-ДПМНЕ функционира идентично како режимот на Никола Груевски. Порача дека СДСМ нема да отстапи од политиките на солидарност и грижа за граѓаните, а секој проблем и предолг ќе биде слушнат.
-Ќе продолжиме отворено, транспарентно, инклузивно, на секој ќе му биде отворена, вратата да има шанса да даде предлог, да биде слушнат. Никој нема да биде дискриминиран по ниту една основа, ниту партиска, без разлика на која партија припаѓал, порача Филипче.