Филипче: Останувам посветен на битката со пандемијата

од Берта Китинска

Денес претседателот на СДСМ и мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев ја поднесе листата на министри, а јас со задоволство прифатив повторно да го водам Министерството за здравство, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој пишува дека водењето на здравствениот систем во изминатите три години бил  голем предизвик, особено последните шест месеци откако започна коронавирусот.

„Јас во ниту еден момент не потклекнав. Работев на унапредување на здравството, подобрување на условите за работа на здравствените работници, условите и грижата за пациентите, единствено во интерес на граѓаните и јавното здравје. Во моментов се справуваме со најголемата светска здравствена криза во последните 100 години и останувам посветен на битката со пандемијата. И токму ова ќе биде еден од најголемите предзивици на новата Влада. Како што истакна претседателот Заев, продолжуваме силно да инвестираме во здравството, со цел да обезбедиме добра здравствена заштита за граѓаните.“, напиша Филипче.

.

Слични содржини