Филипче оствари средба со директорката на „ТОРЛАК“ од Србија, Д-р. Вера Стоиљковиќ

250 прегледи

Директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми, „ТОРЛАК“,од Србија, Д-р. Вера Стоиљковиќ денес оствари средба со министерот за здравство, Венко Филипче.

Институтот е најстара институција од овој тип во светот со традиција и искуство подолго од 80 години и се занимава во производство на вакцини, серуми и други имунобилошки и дијагностички препарати, посочија од Министерството за здравство.

Благодарност до д-р Стоиљковиќ што брзо се одѕва на мојата покана и со нејзиниот тим денеска ме посети во Скопје. „ТОРЛАК“ е единствениот институт во регионот кој набрзо ќе започне со производство на вакцини против Ковид-19, истакна Филипче.

Слични содржини