Филипче: Размислувам да поднесам тужба против ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
159 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска повтори дека се лажни обвинувањата против него од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нелегално стекнат имот и најави можност да поднесе тужба.

-Тоа се класични лажни вести. Ништо од тоа не е вистина, ниту дека имам некаков имот, ниту дека некој фигурира како сопственик. Навистина го поминаа мојот голем праг на толеранција и ќе мора да ја разгледам можноста да поднесам тужба, рече Филипче на денешната прес-конференција, во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за т.н. „Шпанско село 2“.

Слични содржини