481
Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче информира дека денеска бил дел од тим која извршил операција на тежок случај на парализа кај 40 годишна пациентка.
-Денеска на Клиниката за неврохирургија, неколку часа во операциона сала, поминав со д-р Марина од Тетово и д-р Катерина од Битола, специјализантки на неврохирургија. Моите млади колешки се надеж за успешна работа и напредок на Неврохирургија, а наша должност е да се вложиме максимално за специјализантите да добијат соодветно знаење и потребно искуство. На пациентката и посакувам побрзо опоравување. На младите колешки им посакувам да продолжат да работат со голем ентузијазам, објави Филипче на социјалните мрежи.