Филипче: Тригодишната Влера ја победи леукемијата!

од Берта Китинска
217 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче објави фотографии со малата Влера, девојче кое има само три години и ја победи леукемијата.

„Најсреќен сум кога ги враќаме насмевките на нашите најмали. Се зголемува бројот на излекувани деца од малигни заболувања. На клиниката за детски болести работи посветен и стручен тим кој го дава својот максимум за подобро здравје на нашите деца, на нашите најмали борци!“, пишува Филипче.

Забелешка: Фотографиите се објавени со одобрение од родителите

Слични содржини