Филипче за одморот на Николовски и Рашковски: Не сакам да коментирам индивидуални одлуки

од Берта Китинска
282 прегледи

На прашањето дали Љупчо Николовски кој викендов заминал на одмор во Дубаи и Драги Рашковски кој е на одмор во  Мексико ќе бидат во карантин откако ќе се вратат во земјава, министерот за здравство изјави дека не сака да коментира индивидуални одлуки.

-Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од Африканскиот континент заради трансмисија на  јужноафриканскиот сој. Тој се карактеризира по тоа шот брзо се пренесува и се уште не се знае дали вакцините делуваат, навистина не би сакал да коментирам индивидуални одлуки, рече Филипче.

Слични содржини