Филипче: За претстојните празници, 12-ти према 13-ти полицискиот час ќе биде укинат

од Andreja Salpe
369 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, од пред салата Борис Трајковски, каде што се врши имунизацијата истакна дека утрово заедно со Комисијата за заразни болести се донесени важни одлуки, а тоа е скратување на полицискиот час од 21 часот и отворање на летните тераси од угостителските објекти.

За претстојните празници, пак, односно 12-ти према 13-ти полицискиот час ќе биде укинат, а мерката за угостителските објекти ќе остане иста.

Тој исто така, истакна дека се чувствува генерално олабавување во болниците и се ослободуваат некои одделенија кои беа наменети за ковид пациенти.

Најавените 200.000 дози од кинеските вакцини ќе може да се подигнат од Пекинг на 28-ми април, со тоа што на 30-ти ќе бидат во Истанбул, а од тука во Белград, а потоа со специјален превоз ќе бидат донесени во земјава.

Слични содржини