Прашан за бројот на извршени тестирања, министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека тестови се прават врз основа на идентификациона анкета.
-Сега не само Иститутот и Центарот за јавно здравје, туку и матичните лекари се отворени за преку епидемоиолошка анкета, да ли да се упатува кон тестирање. Многу често се комуницира дали има можност, дали има потреба за зголемување на тестирањето, но епидемиолозите сметаат дека пристапот да се анализира и тестира пациент кој има симптоми, е нешто што во светот дава најдобри резултати. За тестот да биде валиден, мора да има самоизолација. Нема потреба да се прави тест во период на потенцијална инкубација од две недели, бидејќи може да биде лажно негативен. Луѓето кои биле во некаков контакт, мора да бидат во самоизолација. Доколку се прави тестирање во период додека трае инкубацијата, може да биде лажно негативен а дури потоа да развие симптоми, објаснува тој.
Во однос на шпекулациите дека Скопје може да биде целосно ставен во карантин, министерот за здравство одговори:
-Овој систем на полициски час и одвојувањето на две ризични групи засега е доволна мерка. Сепак будно ја следиме ситуацијата, во Владата будно се следи развојот на настаните и врз однос на тоа се носат одлуки, одговори Филипче.