Филиповска Грашкоска: Бројот на затворени угостителски објекти зголемен за 50%

445 прегледи

Надлежните инспекциски служби ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, а пораките е да се почитуваат мерките и Новогодишната ноќ да се празнува одговорно, посочи денес претседателката на Инцспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашковска.

Таа посочи дека изманатата недела седумте инспекторати извршиле 5.200 надзори и контроли.

Во текот на изминатата недела, ДСЗИ извршиле 12 надзори врз основа накои исрекле 8 решенија,а 6.576 решенија за изолацијам, што е речиси една четвртина помалку од неделата кога беа издадени 9.000 решенија за изолација.

„Во истиот период инспекторите од ДПИ извршија 3864 и 462 надзори поврзани со почитувањето на здравствените протоколи. При спроведените надзори изречени се 32 прекршочни пријави, 62 решенија за констатираните неправилности, како и 43 прекршоци платни налози. Од вкупниот број на решениијата, 13 се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за седум угостителски објекти и по два во Гостивар, Тетово и Струга. Во сите овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на четири лица на една маса и сите се затворени за работа на лице место“, информираше Филиповска Грашкоска, потенцирајќи дека бројот на затворени угостителски објекти во текот на изминатата недела е зголемен за 50%.

Угостителските објекти ќе бидат „мета“ на ДПИ и МВР во текот на празници. Грашкоска најави заеднички зајакнати контроли по пријава или по сознание добиено за собири.

Слични содржини