Филм за евтаназија го освои Златниот лав во Венеција

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, драмата The Room Next Door, е победник на 81-то издание на Венецискиот филмски фестивал.

Оваа година жирито го претседаваше француската актерка Изабел Ипер, а покрај неа жирито го сочинуваа филмаџиите Џејмс Греј, Ендру Хеј, Агњешка Холанд, Клебер Мендонча Фиљо, Абдерахман Сисако, Џузепе Торнаторе, Јулија фон Хајнц и актерката Џанг Зији. Според Variety, жирито вчера имало долго размислување пред да ја донесе конечната одлука.

Иако медиумите и критичарите предвидуваа победа на воената драма The Brutalist во режија на Брејди Корбет, на церемонијата на затворање на фестивалот дојде до пресврт. Златниот лав му беше доделен на филмот на Алмодовар за евтаназија, во кој главните улоги ги играат Тилда Свинтон и Џулијан Мур. Заедно со Златниот лав, The Room Next Door ги доби и најдолгите овации на овогодинешниот фестивал кои траеја дури 17 минути.

Сребрениот лав, кој се доделува на најдобар режисер на долгометражен филм, го освои Брејди Корбет, режисер на драмата The Brutalist, која го следи животот на еврејскиот архитект Лазл Тот (Адриен Броди) за време на Холокаустот.

Наградата Волпи за најдобра актерка и припадна на Никол Кидман, која глумеше во еротскиот трилер Babygirl, додека наградата за најдобар актер му припадна на францускиот актер Винсент Линдон, ѕвезда на хорор филмот The Quiet Ones.

Слични содржини