Со оглед на претстојната вечер на Оскарите денес, меѓународната онлајн платформа, foodpanda, избра Топ 5 филмски моменти поврзани со храна, кои се неизбежно запечатени во нашите умови. Секогаш ќе ја имате асоцијацијата дека желки нинџа нарачуваат пица, нели?
Еве некои незаборавни сцени кои можат да ги задоволат сите апетити.
1. Дамата и Скитникот (1955)
Храната: Шпагети со ќофтиња
Хероите: Женски кокер шпаниел и куче-скитник
Сцена: Скитникот, организира романтична вечера за својата Лејди, со помош на италијанска романтика: шпагети, музика и црвено-бел чаршаф.
Цитат: “Рамо до рамо со својот сакан човек, ќе го најдете шармот тука. Ноќта ја има својата магија, кога оној кој го сакаш е близу.
2.Сам дома (1990)
Храната: Пица
Херој: Кевин МекАлистер
Сцена: Кевин покажува најдобар начин да си ја земе пицата од добавувачот.
Цитат: “Задржи го кусурот валкано животно”
3.Роки (1976)
Храната: Сирови јајца
Херој: Rocky Balboa (Силвестер Сталоне)
Сцена: Роки се справува без напор со пет сирови јајца во 4 часот наутро, пред една од неговите епски сцени.
Цитат: Текстот на “Окото на тигарот“
4. Kум (1972)
Храната: Рецепт за доматен сос
Херој: Capo Питер Клеменза (Ричард Кастелеин)
Сцена: Кога Клеменза нуди рецепт за неделен доматен сос: “става се малку масло, потоа пржете лук. Тогаш фрлање неколку домати и го мешате, за да не се залепат. Малку вино и малку шеќер-тоа е мојот трик“.
Цитат: “Остави го пиштолот, земи канон”
5. Американска пита (1999)
Храната: Топла пита со јаболки
Херој: Џим Левнстин (Џејсон Бигс)
Сцената: Кога Џим се обидува да изеде по трет пат топла пита со јаболко.
Цитат: “Не е како што изгледа”.