447
Српската полицијата уапсила четири лица од Обреновац поради сомнение, дека како членови на организирана криминална група тргувале со наркотици.
Уапсен е А.В. (36), кој е осомничен дека ја водел групата, П.Б. (40), М.Т. (46) и У.Ј. (40), соопшти српското МВР.
При апсењето, полицијата кај секој од осомничените пронашла по едно пакување хероин, а во автомобилот што го користел П.Б. запленила уште 76 пакетчиња со дрога.
Нив им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во Вишото јавно обвинителство во Белград.