Finance think ја намалува проекцијата за раст на БДП во 2023 г. на 1.7%

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Институтот за економски анализи, Finance think во својот најнов Макро-монитор ја намали проекцијата за економски раст.Според нив, БДП оваа година ќе изнесува 1,7 % наместо претходно очекуваните 2 % а проектираниот раст на цените ќе се зголеми на 9,7%.

Тенденциите за забавена економска активност, очекувани во претходниот Макро-монитор, веќе се материјализираа во вториот квартал од 2023 и се очекува да опстојат и во следните квартали. Економијата е под значаен ризик од понатамошно забавување, пишува во Мониторот.

Во вториот квартал, БДП се зголеми за 1,1 % што е забавување во однос на претходното тримесечје иако личната потрошувачка е оценета како релативно солидна а бруто инвестициите бележат помал пад од претходно.Невработеноста е благо намалена на 13.1 % пред се заради присутна стагнација на пазарот на труд, наспроти благо зголемување на вработеноста од 45,5 %.

Во однос на инфлацијата која во вториот квартал е забавена на 11,2 % од претходните 16,1%, Finance think објаснува дека се должи на спласнати глобални притисоци кај цените на енергијата и храната но со продолжени ризици кај дел од примарните производи.

Базичната инфлација и понатаму покажува значајна упорност, што налага затегнатост на монетарната политика и внимателност на фискалната политика. Дополнително, одредени домашни ценовни притисоци се се’ уште присутни во сегментот храна како одраз на корпоративни и трговски практики, и налагаат мерки во доменот на политиките за заштита на конкуренцијата, пишува во најновиот Макро -монитор на Finance think.

Слични содржини