Со оглед на статистиката на мртви како последица од Ковид 19, што ја бележи нашата земја во изминатата седмица, според „Financial Times“ се наоѓаме на третата позиција на светската листа со две починати лица на 100.000 жители.
Позицијата број два на оваа листа и припаѓа на Босна и Херцеговина со 2,31 починати, додека Унгарија е лидер со 2,44 починати на 100.000 граѓани.
Во однос пак, на бројот на новозаразени, нашата земја и тука е на високото 11. место во светот со 52,8 лица на 100.000 жители.
На оваа листа пред нас се Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, земја која бележи најголем раст на инфицирани со коронавирусот во последните седум дена.
Инаку, анализата на „Financial Times“ е направена по собраните податоци од Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје.