Финансиска поддршка во форма на донација за општините за водоснабдителни и канализациони системи

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за донесување Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија и донесе таква Одлука.

Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, средствата ќе ги добиваат како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија.

Слични содржини