736
Финските власти денеска соопштија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки долж затворената граница со Русија како одговор на „миграциските притисоци од Русија“.
Новите мерки ќе вклучуваат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе дронови и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува „Украинска Правда“.
Се очекува во наредниот период, пред летните одмори, финскиот парламент да одобри нови, построги законски прописи за безбедноста на границата со Русија.