Финската гранична стража денеска соопшти дека се сомнева дека четири руски воени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор во понеделникот. Финското Министерство за одбрана претходно во понеделникот објави дека се сомнева дека руски воен авион тој ден околу две минути го нарушил воздушниот простор на Финска, пренесува Ројтерс.
„Како што напредува истрагата, стана очигледно дека постои основа да се сомнева дека уште три авиони го нарушиле (финскиот воздушен простор)“, соопшти денеска граничната полиција.