Финскиот министер за одбрана: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО

од Radmila Tasevska
146 прегледи

Финскиот министер за одбрана, Мико Савола, денес во Брисел изјави дека за сите членки на НАТО би било подобро Шведска и Финска да влезат во НАТО заедно, а не една по друга.

„За Финска, Шведска и НАТО е подобро двете земји, Финска и Шведска, да станат членки на НАТО што е можно поскоро“, рече Савола пред средбата со министрите за одбрана од земјите на НАТО и Шведска, пренесува Ројтерс.

Савола додаде дека е подобро поради планирањето и изјави дека Финска има многу блиска соработка со Шведска, а Стокхолм го нарече „најблизок партнер“.

Слични содржини