Финскиот претседател: Разговорите со Путин поминаа без закани

од Берта Китинска
227 прегледи

Финскиот претседател Саули Нинисто изјави денеска дека неговиот последен разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за желбата на Хелсинки да влезе во НАТО бил „мирен“ и дека нема закани.

„Тој потврди дека верува дека пристапувањето во НАТО е грешка. Ние не ви се закануваме. Земајќи сè во предвид, разговорот помина многу мирно и спокојно, можам да кажам“, изјави Нинисто за Си-Ен-Ен, пренесе Ројтерс.