Фирма од Гостивар превезувала повеќе патници од дозволеното

од Nikola Popovski
413 прегледи

МВР информира дека фирма од Гостивар не се придржувала на протоколот за превоз на патници, па автобусите им биле исполнети повеќе од 75% колку што било дозволено во тој период.

Против фирмата и сопственикот се поднесени кривични пријави, велат од полицијата.

Исто така, кривични пријави се поднесени и против Н.И.(76) од с.Виштица – Липково, Љ.Ј.(47) од с.Черкези, кумановско, Ф.С.(35), Б.С.(29), Б.Ќ.(22), О.Ц.(47), Д.А.(23), сите пет од Куманово, Ш.А.(32) од с.Отља – Липково, З.Н.(35) од Охрид и А.Ј.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. Тие биле затекнати надвор од домот без дозвола за движење за време на забрана на движење.

Слични содржини