Fisker подготвува уште еден модел, целосно електричен супер GT за кој компанијата тврди дека ќе има опсег од околу 965 километри.
Се вика Fisker Ronin, а се најавува дека неговата премиера ќе се одржи на 3 август годинава.
Судејќи според сликите на тизерите, Ronin ќе има долга хауба и остар, зашилен нос, со привлечни LED светла.
Според претходните најави, Ronin е опремен со пар дигитални ретровизори и активни аеродинамички системи. Со четири врати (задните треба да се отвораат во спротивна насока од предните), Ronin е дизајниран да прими пет патници, како и да обезбеди многу простор за нивниот багаж.
„Целта е да се постигне долг опсег, во комбинација со исклучително високо ниво на перформанси. Ronin ќе биде приказ за нашето инженерство, возење и софтвер“, рече Fisker.
Неофицијалните вести кои се појавија претходно велат дека Ronin ќе има три електромотори и дека ќе забрзува од 0 до 96 km/h за околу две секунди.
Fisker исто така изјави дека автомобилот треба да биде достапен за околу 200.000 долари почнувајќи од 2025 година.