Влегуваме во период на заздравување на економијата. Во март има јасни сигнали за тоа со зголемениот извод, а индустриското произодство бележи раст како и депозитите, вели академик Таки Фити во емисијата „24 Анализа“.
„ Вкупните приходи на буџетот до 18 ти мај се држат добро во однос на истиот период лани, се зголемил за 13,4%, даноците за повеќе од 14% со придонесите. Одделни типови на даноци покажуваат пораст и сето тоа е индикатор дека економијата заживува. Факт е дека целосното заздравуѕвање нема да се случи годинава, туку догодина, “ вели Фити.
Тој вели дека тоа се индикатори кои покажуваат дека економијата заздравува.
„Во светски и голебални рзмери во 2021 само САД ќе има целосно економско заздравување. Европа, исто така ќе заздрави наредната година. Кај нас, сите движења се под европското влијание“, вели Фити.