351
На новинарско прашање при гостување на ТВ24, Академик и проф. Таки Фити, посочи како ги доживува ултимативните барања од страна на Софија.
„Јас никогаш не сум можел да разберам и во разговорите таму. Секогаш потенцирав и им велев во Софија, јас не знам зошто вашите политичари се исфрустрирани од фактот што е една историска вистина дека Бугарија била на погрешната страна. Не може да се каже дека тие не биле окупатори, и самиот чин на влегување во Македонија значеше окупација. Но, никој од нас не смета дека денешна Бугарија е фашистичка земја. Но, за јазикот и идентитетот воопшто не смее да се разговара“, посочи Фити.