Фитнесот го храни либидото, а салите се чести места за секс

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Луѓето кои се си ветиле љубов и подобро здравје и телесна градба во Новата година, можат спокојно да ги добијат и двете на едно место, пишува “Индипендент”.4590155

Весникот цитира анкета во која половина одговориле дека ја користат салата како место за состаноци. Една четвртина признале дека имале секс таму барем еднаш во текот на изминатата година. Анкетата е организирана од синџирот сексшопови “Ен Самерс”.

Статистиката уште покажува дека една петтина од посетувачите на фитнес имале секс со инструкторот. 70% од анкетираните жени признале дека го замислуват персоналниот тренер за време на секс. Околу 10% од учесниците во анкетата за секој случај носат кондом во чантата за фитнес, а 66% признаваат дека мислата за секс во салата помага при вежбањето.

Претходните истражувања покажаа дека симнувањето на килограми го храни либидото. Во 2012г. беше откриено дека мажите на средна возраст, кои ќе почнат да се грижат за својата тежина, искусуваат пораст на тестостеронот и сексуалниот нагон. Тренинзите го зголемуваат и протокот на ендорфин во телото, што влијае добро на самодовербата