Луѓе кои си ветиле љубов и подобро здравје во новата година, можат спокојно да ги добијат и двете на едно место, пишува “Индипендент”.

Весникот ја цитира анкета во која половина одговориле и изјавуваат дека ја користат салата како место за датирање. Една четвртина признаваат дека имале секс таму барем еднаш во текот на последната година. Анкетата е организирана од синџирот сексшоповите “Ен Самерс”. Статистиката уште покажуваат дека една петтина од оние кои посетуваат фитнес имале секс со инструкторот . 70% од анкетираните жени признале дека замислата им е со персонален тренер за време на секс. Околу 10% од учесниците во анкетата за секој случај носат кондом во чанта за фитнес, а 66% признаваат дека мислата за секс во салата помага при вежбањето. Претходните истражувања покажаа дека симнувањето на килограми го потхранува либидото. Во 2012г. беше утврдено дека мажите на средна возраст, кои ќе почнат да се грижат за тежината, искусуваат зголемување на тестостерон и сексуалниот нагон. Тренинзите го зголемуваат и протокот на ендорфин во телото, што влијае добро на самодовербата.